
Папата Франциск им порача на младите да не го трошат времето на интернет, смартфони и телевизија., туку своето време да го поминуваат со попродуктивни активности.
– Можеби многумина млади луѓе потрошија премногу часови со бескорисни нешта. Нашиот живот се состои од време, а времето е дар од Бога, па затоа е важно да биде искористено за добри и плодни дејства – рече Папата пред 50 илјади млади Германци, кои дошле во Рим. Верниците биле на возраст меѓу 13 и 27 години.
Според Папата Франциск чет на интернет или со телефоните, гледање на телевизиски сапунски опери и употребата на производите на технолошкиот напредок, кои треба да го поедноставуваат и подобруваат квалитетот на животот, не му прават ништо добро на човештвото.
Самиот 77-годишен Папа има Твитер профил на неколку јазици, а англиската јазична верзија има 4,3 милиони следбеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Папата Франциск одлучи: Католичката црква во Македонија ќе добие статус на Епархија
-
Папата бара казни за сексуалните злостатувачи на деца во црквата
-
Неможеше да избега: Оваа девојка кажа „да“ пред Папата Франциск (видео)
-
Нов скандал во Ватикан: Полицијата прекинала сексуални оргии, советникот на Папата предозиран


