| четврток, 6 декември 2018 |

Авганистански полицаец уби седуммина свои колеги

Авганистански полицаец уби седуммина свои колеги на контролен пункт во јужниот дел од државата.

avganistan vojnici

Нападот бил извршен во градот Тирин Кот, во јужната провинција Урузган. Полицаецот кој отворил оган врз своите колеги имал врски со талибанците. По нападот ги украл оружјето од убиените колеги и избегал во непознат правец.

Нападот следува откако авганистански војник вчера пукаше врз војници од НАТО во база во близина на Кабул. Во тој напад загина американски генерал, а негов германски колега беше ранет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top