| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден повреден при пукотници на свадба

Вчера во с.Чегране, гостиварско, при семејна веселба-свадба, непознато лице од огнено оружје испукало неколку куршуми во воздух, при што со лесни телесни повреди се здобил А.С.(33).

Истиот е пренесен во медицинскиот центар во Гостивар. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Прд само неколку дена во струшкото село Џепин, за време на семејна свадбена веселба, 52-годишен маж од огнено оружје испукал неколку куршуми во воздух, при што со повреди се здобиле пет лица кои биле присутни на прославата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top