На денешната прес-конференција челните луѓе на ФК Вардар ги презентираа своите планови за иднината најрпвин со изградба на ултрамодерен спортски комплекс за тренинг и простории за управата на клубот.
Инвестицијата за тренинг-центарот ќе изнесува еден милион евра, а неговата изградба ќе започне на крајот од октомври кога конечно ќе се одреди локација по разговорите со неколку општини.
Сергеј Самсоненко кој е сопственик на ФК Вардар продолжува со визијата за успешен и европски клуб. Овој проект беше направен уште пред новиот сопственик да го купи клубот од Град Скопје.
– Еден од главните приоретите за европски ФК Вардар е да се изгради сопствен тренинг-центар кој покрај терените ќе има и свои сопствени простории за управата на клубот. Тоа ќе биде првиот административен дел во сопственост на клубот од неговото формирање – изјави Самоил Симев извршен директор на ФК Вардар.
За изградбата на овој проект се консултирани повеќе луѓе од светот на фудбалот и тој ќе биде ултрамодерен.
– ФК Вардар ќе добие сопствен комплекс по стандардите на ФИФА и УЕфА. Комплексот ќе ги задоволи сите потреби и побарувања на еден модерен тим. Понудата на Торус Инжинеринг беше најприфатлива, додека локацијата дополнително ќе биде одредена по консултација со неколку скопски општини – додаде СИмев.
Претседателот на клубот Мирко Спасевски се осврна на деталите на спортскиот комплекс.
– Ќе располага со три терени од кои два ќе бидат со вештачка трева. Во склоп на комплексот ќе има два ресторани, 14 соби и три апартмани за сместување на играчите и стручниот штаб. Кујна која ќе работи исклучиво за потребите на фудбалерите како и паркинг простор – изјави Спасевски.
Комплексот треба да започе со градба во октомври, а да биде готов и спремен за употреба на крајот од март следната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вардар испиша историја со најновиот ранкинг на УЕФА
-
Поранешен фудбалер моли за помош: Беше дел од „златниот“ Вардар, а сега трпи за леб (видео)
-
Муслиу си поигра мајтап со Вардар: Ќе потпише со Приштина, па веднаш на позајмица во Шкендија
-
Јаневски: Мора добро да се подготвиме за пролетниот дел од сезоната, целта е нов трофеј


