Неколку повредени гости и вработени, е епилогот по инцидентот кој пред два дена се случи во Старата скопска чаршија во „Њу Орлеанс“.
Толпа од петнаесетина лица го демолирала местото бидејќи била пуштена македонка музика, поточно „Распукала Шар Планина“ на „Леб и сол“.
Сопственикот на кафе-барот Жарко Иличковиќ, кој добил расеченица на лицето, на „Фејсбук“ јавно им заблагодари на сите за поддршката.
– Aјвани имало од вајкада и секогаш ќе ги има. Луѓе без памет исто така. Цела среќа што ние „попаметните“ се уште владееме. Во името на екипата од „Њу Орлеанс“ и во името на сите мои комшии, ви се заблагодарувам за безрезервната поддршка која ја добиваме деновиве и искрено се надеваме дека нема да дозволите пар будали да ни го земат она за кое сите одиме таму – убав муабет, добра музика, и мали, а никогаш дефинирани, коктелчиња кои ни носат насмевки и радост. Бујрум – вели тој.
Фото: Дневник
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


