Белорускиот репрезентативец Сергеј Кривец е вистински фудбалски херој во својата земја, по погодокот против Дебрецен, што му донесе пласман на Бате Борисов во плејоф рундата за пласман во фазата по групи во Лигата на шампионите.
Кривец го постигна победоносниот гол во 94 минута, со кој Бате Борисов победи со 3-1 во реваншот и мина понатаму. Дебрецен победи во Унгарија со 1-0, со голот од пенал на Сидибе поведе и во реваншот во Белорусија со 1-0 и имаше ширум отворени порти кон плејофот. Но, Володко и Родионов со по еден погодок направија комплетен пресврт до 66. минута, а гостите останаа и со фудбалер помалку. Дебрецен сепак се држеше добро и со десетмина на теренот, се до последните моменти, кога Кривец погоди со глава и му донесе пласман понатаму на белорускиот шампион.
Со Бате Борисов понатаму одат и Стандард Лиеж по подвигот во Грција, каде го победија Панатинаикос со 2-1, по ремито дома 0-0, потоа и Марибор кој го елиминира Макаби Тел Авив со двата гола на Агим Ибраими и Лил по елиминацијата на Грасхоперс. Денеска се играат сите останати реванш дуели од четвртата рунда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


