| четврток, 6 декември 2018 |

Пораз од Хрватска за македонските кошаркари

Машката кошаркарска репрезентација загуби со 64-69 од Хрватска во последниот подготвителен натпревар пред почетокот на квалификациите за Евробаскет 2015. В недела во Скопје почнуваме против Белгија во Д групата, а тестот против Хрватите беше во вистинско време и со одличен противник.

Селекторот Џикиќ ја искористи можноста да ја види формата на нашиот национален тим на еден меч на гостински терен, давајќи им шанса на сите кошаркари да ги покажат своите квалитети.

Најпрецизен во македонскиот состав беше Бојан Трајковски со 13 поени, по 9 постигнаа Димчевски, Ѓуроски и Хендрикс, кој забележа и 12 скокови.

Македонија во квалификацискиот циклус ќе игра против Белгија, Белорусија и Данска, а првите две места гарантираат настап на ЕП 2015.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top