
Претставниците од извршната и законодавната власт од владеачката ВМРО-ДПМНЕ, членот на извршниот комитет и директор на УВМК Ашим Зеќироски, вчера и денес остварија средба со граѓаните од Општина Маврово и Ростуше во населените места Жировница, Ростуше, Велебрдо,Требиште, Присојница и Скудриње.

На средбата присуствувале и пратениците Алим Билали и Фатмир Имероски, градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше Мукрем Мехмеди, директорот на Националниот парк Онер Јакупоски и други локални-функционери.
Реканскиот крај особено заживува во летниот период, бидејќи се враќаат и многубројните иселеници, па со цел да се слушнат нивните проблеми и потреби се направени ваквите средби.
Освен со печалбарите, средбите се остварени и со постојаните жители на Општина Маврово-Ростуше.
Посетите се се’ почести во овој крај од страна на високи функционери од Владата со тоа се докажува дека овој дел од Македонија не е заборавен.
Реканскиот крај е печалбарски крај, но исто така е препознатлив по природните убавини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


