
Невреме со силен дожд го погоди кантонот во Тузла, Босна и Херцеговина, пишуваат медиумите на таа земја. Дождот врне со силен интензитет, а се очекува ситуацијата да стане уште посложена во текот на ноќта.

Во општина Лукавац веќе има неколку поплавени објекти. Екипите на цивилната заштита се на терен и заедно со другите комунални служби се борат да ги заштитат луѓето и материјалните добра. Во општината Сребреник пожарникарите ги евакуираат граѓаните, а има и акција за спасување на три деца. Ако дождот продолжи со овој интензитет, се очекува да биде полошо отколку за време на поплавите, велат од Цивилната заштита на тузланскиот кантон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


