| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешен косовски пратеник уби свој роднина

Поранешниот пратеник во косовскиот Парламент, Гани Геци, со четири истрели од огнено оружје го усмртил неговиот роднина и поранешен припадник на ОВК, Ружди Шаќири.

pistol

– Настанот се случил вчера во кафуле во центарот на Србица. Сега починатото лице Р.Ш. по добиените прострелни рани почина во регионалната болница, соопшти денеска портпаролот на полицијата во Косовска Митровица, Авни Захити.

Полиција не дава детали за мотивите на нападите, но, според други извори, како што наведува весникот „Експрес“, двајцата и претходо имале недоразбирање.

По убиството Геци побегал и полицијата се уште трага по него. Еден од неговите браќа за косовските медиуми изјавил дека тој го напуштил Косово, додека „не се смирела ситуација“.

Гани Геци беше пратеник од редовите на Демократскиот сојуз на Дарданија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top