| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се реконструира затворот во Идризово

Дирекцијата за извршување на санкции при Министерството за правда објави тендер за реконструкција на најголемиот затвор во земјава КПД „Скопје“ во Идризово.

Според објавеното во тендерот стои дека ќе се уриваат објекти со површина од 10.400 квардатни метри, изградба на објекти во отворената секција во машкиот затвор со површина од 5.500 квадратни метри, како и изградба на објекти, исто во машкиот дел од затворот, но во полуотворената секција со големина од 4.650  квадратни метри. Ќе биде реконструирана административната зграда, која има површина од 1.000 квадратни метри, како и реконструкција на постојниот ресторан со центарот за обука, кој има површина од 500 квадратни метри.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top