| четврток, 6 декември 2018 |

Досега починаа 887 лица од ебола

ebola-dead

Досега починаа 887 лица од ебола, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

За последните четири дена бројот на жртви од еболата порасна за 158 во однос на последниот извештај на СЗО, од 31 јули 2014 година, јавија американските медиуми.

СЗО наведува дека од јануари во западна Африка се забележени повеќе од 1.600 случаи на ебола. Покрај засега најзагрозените земји од западна Африка – Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја – два случаја на оваа болест се забележени и во најбројната африканска држава – Нигерија.

Според податоците на СЗО, досега од ебола умреле 358 лица во Гвинеја, 255 во Либерија, 273 во Сиера Леоне и едно лице во Нигерија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top