| четврток, 6 декември 2018 |

УЕФА ги казни Стеауа, Марибор и Дебрецин поради расистички испади

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги казни Стеауа, Марибор и Дебрецин поради расистички испади на нивните навивачи со затварање на дел од стадионите.
Сите три клуба се казнети со по еден натпревар на домашен терен без присуство на максимален број на навивачи на нивните трибини.
Почитувајќи ја одлуката на дисциплинската комисија на УЕФА Стеауа на реванш натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите во рамките од третото квалификациско коло во среда против првакот на Казахстан, Актобе нема да смее да ги отвори вратите на северната и јужната трибина.
Дебрецин и Марибор своите реванш натпревари од квалификациите за Лига Европа ги играат на гостински терен, па своите казни ќе ги применат на следниот натпревар во некое европско натпреварување кое ќе го одиграат дома.
Унгарскиот клуб нема да смее да продава карти за сектор Б, додека Словенците ќе мора да ги затворат вратите за јужната трибина на својот стадион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top