| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична за пукачот на свадбата во Џепин

ПС Струга поднесе кривична пријава против 52-годишниот Н.В. поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело предизвикување општа опасност и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Имено завчера во струшкото село Џепин, за време на семејна свадбена веселба,  пријавениот од огнено оружје испукал неколку куршуми во воздух, при што со повреди се здобиле пет лица кои биле присутни на прославата.

Повредените се пренесени во Медицинскиот центар Струга каде им е укажана лекарска помош и им се констатирани телесни повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top