Државни службеници во Кочани се пријавени за злоупотреба на положбата бидејќи делеле помош за невработен, кој во меѓувреме се иселил од Македонија.
Полициската станица во Кочани поднела кривична пријава за В.А.(53), раководител на Центар за вработување – Кочани, и за М.С.(54), советник за финансии во Центарот, за сторено кривично дело соизвршителство, и против В.М.(54), референт на шалтер во Центарот, за злоупотреба на службената положба и овластување.
Во ноември 2012 година, В.А. ја задолжил М.С. да подготви потребна документација за З.Д. за користење паричен надомест за невработено лице иако знаеле дека З.Д. во тој период престојувал во странство, по што М.С. подготвила решение со кое се признава правото паричен надомест во траење од четири месеци, а В.М. го пријавила З.Д. во евиденцијата на невработени лица иако знаела дека истиот лично треба да се пријави, со што му овозможиле да се стекне со противправна имотна корсист од 10.058 денари на штета на Агенцијата за вработување на РМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Земал телефон, а му повлекле 90.000 денари – внимавајте со купувањето преку интернет
-
Центар за вработување на град Скопје: Зa 10 години отворени повеќе од 170 илјади работни места
-
Злоупотреба на инвалидска пензија: Овој човек 20 години ужива на сметка на државата
-
Која е разликата меѓу злоупотреба на алкохол и алкохолизам?