Продуцентската куќа „Ејџ-би-о“ (HBO) од градските власти во Дубровник побара дозвола да се снима сцени со голата Лeна Хиди, русокосата актерка која во серијата „Игра на тронови“ ја игра Серси.
Според барањето покрај голата актерка во сцената ќе учествуваат и најмалку 500 статисти. Според сценариото, убавата кралица наскоро гола ќе прошета од катедралата до дворецот Спонза во Дубровник.
Инаку, Дубровник веќе трета година служи како една од локациите за снимањето на познатата серија, од минатата година некои сцени се снимаат и во Сплит, а оваа година на листата на локации се додаде и Шибеник, чиј што градоначалник изрази желба да се појави како статист во серијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


