Корин Дијакр е првата жена главен тренер на машки фудбалски клуб во историјата на играта, а вчера не успеа со победа да го прослави историскиот момент.
Францускиот клуб Клермон на чие кормило е Дијакр, вчера загуби од Брест на гости со 1-2, иако имаше предност од 1-0. Шанса да биде на местото на Корин беше Португалката Хелена Кошта, а таа во јуни беше назначена како шеф на стручниот штаб на Клермон, но во последен момент се пишмани.
Дијакр синоќа го прослави и 40. роденден, но дебито за паметење во фудбалот не го одбележа со триумф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


