| четврток, 6 декември 2018 |

Рената со нова песна ќе го освојува светот (ВИДЕО)

Видеоспотот за „Trust Your Feelings“ на младата македонска пејачка Рената Кралевска излезе на „Виво“ (VEVO) каналот на „Јутјуб“. Песната веќе од утре ќе биде промовирана на „Радио експрес“ (RadioExpress) во Лос Анџелес со дистрибуција до повеќе од 7.000 радија во светот. Ова е веќе петти сингл на Кралевска, која под името Rennata го освојува светскиот музички пазар.

Rennata - Trust your feelings 2

Кога работите нешто со љубов и со целосен фокус и гледате подалеку од она што е пред вас успехот е неизбежен. Се обидувам да бидам своја и кога создаваме песни да имаат белег на Македонија, а воедно да бидат со висок квалитет што е предуслов да успеете на пазарот надвор од земјава. Новиот сингл е само продолжение на она што веќе неколку години се обидувам да го правам, да направам македонски хитови со светски квалитет. Се надевам дека успевам во тоа – вели Рената.

Rennata-Trust your feelings 3

Текстот на новата песна е на самата Рената, а композитор и продуцент на песната е Зоран Алексиќ, додека режијата е на Илија Тодоровски. Стајлингот на спотот е дело на Даниел Николовски и Ивана Кнез.

Светските музички куќи во Рената видоа потенцијал за создавање на светски хитови. Ние како „Скај ај ентертејнмент“ (Sky Eye Entertainment) имаме развиена мрежа од светски промотери и дистрибутери. Со соработката со „Радио експрес“ успеавме да ги лансираме сингловите на Рената на топ листите во светот, каде најдобра реакција на нашите песни има во Турција, Велика Британија, Финска, Индонезија, Франција, Мексико и САД. Во преговори сме за изработка на албум што би го изработиле во соработка со голема европска продуценска куќа – изјави Зоран Алексиќ од „Скај ај ентертејнмент“.

Rennata-Trust your feelings

Рената е првата во регионот која доби „Виво“ канал што значи вистински престиж во музичкиот свет како платформа што ја користат големи светски музички имиња. Првиот сингл што се појави на овој канал беше „Because I Love You” , а подоцна следеше официјалното видео за „Please Stay”. „Скај ај ентертејнмент“ има договор со iTunes, Amazon, Spotify, Shazam и останатите музички платформи каде што сите досегашни синглови на Рената вклучувајќи го и последниот се достапни на публиката ширум светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top