Сопственикот на транспортното претпријатие „Кине и Нагел“, 77-годишниот Германец Клаус Михаел-Кине, му позајми на својот омилен клуб Хамбургер 25 милиони евра за да донесе нови играчи во летниот преоден рок.
Михаел-Кине ги дава средствата како позајмица и ќе се искористат исклучително за нови фудбалери. Управата на клубот за да го засили тимот за следната сезона веќе ги договори услугите на Валон Бехрами од Наполи за четири милиони евра, а се споменуваат и имињата на Николај Милер од Мајнц и дефанзивецот од Аугсбург, Матијас Остролек.
Според „Форбс“, богатството на Михаел-Кине се проценува на околу осум милијарди долари, па се очекува во случај на добра трансфер-политика на клубот тој да го прости долгот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


