| четврток, 6 декември 2018 |

За Хамбургер „шестка“, за тренерот Финк отказ

Хамбургер доживеа нов дебакл на самиот старт од Бунделсигата, а по поразот од 2-6 против Борусија во Дортмунд, настрада тренерот Торстен Финк, кој доби отказ. Поранешниот германски репрезентативец наметна офанзивен стил, но концепцијата на игра за гол повеќе му донесе проблеми на тимот, кој е на дното во Бундеслигата според бројот на примени голови. Дури 15 пати се тресеше мрежата на Рене Адлер во само 5 натпревари, што е лош просек од 3 погодоци по меч.

Како најсериозен кандидат за наследник на Финк во Хамбургер се споменува Маркус Бабел, а во игра е и Франко Фода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top