| четврток, 6 декември 2018 |

Русите се шаховска велесила, ја декласираа Македонија со 4-0

Русите имаат шаховски тим од соништата на Олимпијадата во Тромзо, Норвешка, а квалитетот го презентираа и против нашата машка селекција со максимална победа од 4-0 во третото коло.

Поразот беше очекуван, а Крамник, Свидлер, Карјакин и Непомнијачи ги добија четирите партии против Недев, Чоловиќ, Панчевски и Богдановски.

Во првите две рунди Македонија со ист резултат ги победи Брунеи и Доминиканска Република и со 4 бода го дели 32. место во конкуренција на 177 репрезентации.

Во женска конкуренција Македонија ремизираше со селекцијата на домаќинот Норвешка. На двете челни табли Коскоска и Стојковска победија, а порази забележаа Бејатовиќ и Манова на третата и четвртата табла. Со 3 бода шахистките се на 60. место од 136 селекции кои учествуваат на Олимпијадата во Тромзо.

Денеска мажите ќе играат со Албанија, а дамите против Летонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top