| четврток, 6 декември 2018 |

Србин ликвидиран од перуански наркокартел

mitic narko peruТриесетгодишен српски бизнисмен, кој бил киднапиран на 15 април годинава во Перу, е пронајден мртов во округот Сан Мартин де Порос. Марко Митиќ бил ликвидиран со еден куршум во челото, а сомневањата се дека е убиен од колумбиски наркоклан затоа што Митиќ ѝ открил на полицијата детали во врска со трговијата со дрога на тој картел.

– Истрагата покажала дека Митиќ е убиен ден по неговото киднапирање. Телото било пронајдено уште претходно, но не било во можност да се идентификува и било заведено како НН лице. Дури сега е напрвена успешна идентификација и може да се каже дека станува збор за покојниот Митиќ – наведуваат тамошните медиуми. 

Марко под лажно име Антонио Варгас лежел три години затвор во Лима за шверцување дрога, а по излегувањето од затвор го променил името во Алберто Аланија Зевалос. Непосредно по излегувањето од затворот е киднапиран, а сомневањата се дека за тоа е одговорен картелот кој верувал дека Митиќ дал информации за вмешаност во трговија со дрога.
– Се претпоставува дека од семејството Митиќ, сестрите и неговиот брат, барале откуп од милион долари за да го прикријат вистинскиот мотив за киднапирњето. Овие сомневања ги поткрепуваат со фактите дека семејство Митиќ добило видеоснимка на која бил претепаниот Марко и киднапер кој му држи пиштол вперен во главата, а само ден потоа го убиле. Практично, парите не ми можеле да стигнат од Србија – пишува перуанскиот печат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top