| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватот Невен Спахија нов тренер на Перо Антиќ во Атланта

Кошаркарски тренер Невен Спахија се запишува во историјата како првиот хрватски експерт кој со ангажман во НБА. Во наредната сезона, Спахија ќе биде асистент во Атланта Хоукс, за која настапува единствениот Македонец во лигата, Перо Антиќ.

Хрватскиот тренер ќе биде прв помошник на шефот на стручниот штаб, Мајк Баденхолзер.

– Невен е еден од најуспешните тренери во Европа и воодушевени сме со неговото доаѓање. Како организација имаме големо почитување кон меѓународната кошарка и ќе ни користи неговото искуство и поинаквата перспектива – рече тренерот на Хоукси, Мајкл Баденхолцер.

Последниот ангажман 51-годишниот Спахија го имаше минатата година во Цибона, а за време на кариерата ги ги водел екипите на Фенербахче, Валенсија, Макаби, ТАУ, Крка и репрезентацијата на Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top