Ситниците понекогаш се многу важни кога сакаме да ги намалиме килограмите или да ја зачуваме витката линија.
Ако сте во друштво во ресторан, бидете први кои ќе нарачаат јадење без многу калории. Ако слушнете како во друштвото пред вас некој нарачал шарска плескавица или благи палачинки, големи се шансите и вие да паднете во искушение. Би било добро пред оброкот да се напиете чаша обична вода. Така ќе го намалите апетитот и ќе сфатите дека всушност не чувствувате потреба за многу храна.
Грицките како што се чипсот и благите немојте да ги јадете од кесичка, сервирајте ги во чинии. За вечера користете помали чинии, така што, за да изедете повеќе храна ќе треба да сервирате повеќе пати, па можеби тоа ќе ве натера да застанете.
Јадете ф’стаци. Ф’стаците немаат калории, а лупењето ќе ви биде од корист. Лушпите ќе ве потсетат колку сте изеле. Одредете сума на пари за купување храна што е здрава за вас. Одредена сума треба да биде вашиот лимит и да ви оневозможи да купувате чоколада.
Во кујната, храната распоредете ја во порции и однесете ја во трпезаријата. Ако за време на ручекот целата количина на подготвената храна биде пред вас, ќе дојдете во искушение да изедете повеќе храна отколку што сте планирале.
За газираните сокови и алкохолот сигурно знаете дека се полни со калории и пожелно е да ги избегнувате, но ако не можете да се откажете од тие “пороци”, користете високи и тесни стаклени чаши. Верувале или не, на тој начин ќе внесете помалку калории.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



