Вториот најдобар играч во светот, Шпанецот Рафаел Надал, го откажа учеството на двата турнира од мастерс-серијата 1000 во Торонто и во Синсинати.
Тој при еден тренинг минатата недела го повредил зглобот на лавата рака и нема да може да ги брани трофеите на овие два турнири од минатата година.
– Подготвувајќи се за турнирите во Торонто и во Синсинати, го повредив зглобот на левата рака. По лекарските прегледи и консултацијата со мојот лекарски тим, дознав дека ќе мора да паузирам 2-3 недели. Многу сум разочаран што нема да можам да ги бранам трофеите од минатата година. Се радував дека ќе играм на овие два турнира по одличните игри и титулите во 2013 година. Сепак, ќе продолжам со рехабилитацијата и се надевам дека ќе бидам поготвен за последниот гранслем-турнир во САД – изјави Надал.
Отвореното првенство на САД почнува на 25 август и Надал ќе биде во трка со времето за да може да ја санира повредата и да настапи на овој гранслем, на кој ја брани титулата од минатата година кога во финалето го победи најголемиот ривал, Србинот Новак Ѓоковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


