
Европските политички лидери и монарси се собрани денеска на пригодни комеморации во Глазгов и во Лиеж, во Белгија за да ја одбележат стогодишнината од почнувањето на Првата светска војна. На одбележувањето на влегувањето на Велика Брианија во војната, присуствуваа британскиот престолонаследник принцот Чарлс, премиерот Дејвид Камерон, првиот министер на Шкотска, Алекс Салмонд, како и дел од свечените гости кои синоќа учествуваа на свеченото затворање на спортските игри на земјите членки на Комонвелтот, што се одржаа во Глазгов.
На комеморацијата, со специјална црковна миса во глазговската катедрала, имаше 1.400 гости. Денешниот ден ќе заврши со црковно бдеење во лондонската Вестминстерска Опатија и со кусо гаснење на светлата ширум Велика Британија, во спомен на жртвите од „Големата војна“ како што Британците ја нарекуваат Првата светска војна.
Гасењето на светлата ќе се случи вечерва во 23 часот по британско време, во истото време кога на 4 август 1914 година, британската влада ѝ објави војна на Германија. Ваквото решение е донесено во знак на спомен за изјавата на тогашниот британски министер за надворешни работи Едвард Греј кој влегувањето на Британија во војната го проследил со зборовите дека од тој момент „светлата во цела Европа ќе се изгаснат и тие нема да се запалат во годните што следуваат“.
Во четиригодишните војувања на фронтовите и по рововите низ Европа, во перидот меѓу август 1914 и ноември 1918 година, загинаа 17 милиони војници и цивили. Одбележувањето на почетокот од оваа војна во Европа, почна утринава во белгискиот град Лиеж, во знак на сеќавање на почетокот на германската инвазија врз оваа земја.
Педесетина европски лидери се собраа на пригодната комеморација во чест на жртвите од војната. Од британска страна на комеморацијата присуствуваше војводата од Кембриџ, принцот Вилијам, заедно со неговата сопруга. Зборувајќи на комеморацијата, принцот Вилијам рече дека „повеќе од еднаш во изминатиот век, ние бевме непријатели, но сега сме пријатели и сојузници“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Комеморацијата на стогодишнината од Македонскиот фронт во Првата светска војна
-
Вака белгиската полиција го изрешетала убиецот: Бенџамин Херман убил луѓе само еден ден по излез од затворот!(видео)
-
Федерер ја прифати поканата на Мареј за хуманитарен натпревар во Глазгов
-
Шкотите на улица, бараат независност


