| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер ја прифати поканата на Мареј за хуманитарен натпревар во Глазгов

Актуелниот шампион на Австралија опен, Роџер Федерер ја прифати поканата на Енди Мареј првпат да игра во Шкотска. Федерер и Мареј ќе играат егзебициски натпревар за добротворни цели во Глазгов на 7 ноември.

– Тој е многу популарен. Тој е еден од најдобрите играчи кои ја играле оваа игра. Не е важно само колку има победи, туку и начинот на кој тој стигнува до нив – изјави Мареј.

Федерер изјави дека ја прифатил поканата од Мареј на големо задоволство бидејќи и Шкотот прифатил да игра на добротворен натпревар на Швајцарецот на 10 април во Цирих, иако во тој период има закажани турнири во Дубаи, Индијан Велс и Мајами.

Првиот добротворен натпревар во Глазгов беше распродаден за само 48 часа, а целата собрана сума од 300.000 фунти ќе биде наменета во хуманитарни цели.

federer i marej

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top