
На интернет е објавено видео од убиството на напаѓачот кој во Лиеж Белгија уби двајца полицајци и еден случаен минувач и рани уште две лица.
Белгија нападот го истражува како терористички.
Двајцата полицајци и случајниот минувач се убиени во пукотница во центарот на Лиеж, при што се ранети уште двајца полицајци. Напаѓачот е идентификуван како 36- годишниот Бенжамин Херман , екс затвореник, човек кој пред само неколку дена излегол од затвор.
Херман издржувал повеќе затворски казни, но не бил познат по радикализмот. Затворениците го опишале како „насилна личност“ .

Обвинителството испитува дали тој се радикализирал за време на престојот во затворот.
Мажот додека пукал викал „Алах екбер“ , при пукањето Херман киднапирал и една жена вработена во средно училиште.
Белгиското обвинителство го истражува инцидентот во кој се убиени три лица како терористички напад, соопшти попладнево , локалниот јавен обвинител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


