| четврток, 6 декември 2018 |

Паднал од скеле – работник тешко повреден

Триесет и шест годишниот М.Ф. од село Горно Палчиште, општина Боговиње се здобил со тешки повреди откако паднал од скеле.

gradeznistvo (Small)

Трагичниот настан се случил вчера, додека М.Ф. изведувал градежни работи во куќата сопственост на 47-годишниот Ф.Ј. во гостиварското село Тополица.

Повредениот бил пренесен во гостиварската болница, а оттаму препратен во Клиничкиот центар во Скопје поради сериозноста на повредите.

Полицијата превзема мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top