Поројните дождови изминатите денови во Романија предизвикаа големи штети врз земјоделството, погодувајќи околу 30.000 хектари
обработлива почва.
Поплавите ги погодија житните насади, така што реколтата која не била собрана претходно ќе биде со низок квалитет. Земјоделците тврдат дека најмалку една четвртина од несобраното жито ќе биде храна за животните.
Во исто време, една третина од производството на домати и пиперки изгниле на полињата.
– Есенските зеленчуци и овошја за конзервирање ќе бидат помалку. Ако продолжи да врне, ќе останеме без пиперки, домати, зелени домати, краставици, грав и репкасти плодови бидејќи многу брзо гнијат – изјави Јон Чоројану, претставник на Асоцијацијата на земјоделци во Романија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



