Легендарниот италијански фудбалер Алесандро дел Пјеро планира да продолжи активно да игра фудбал.
По епизодата во Австралија во тимот на Сиднеј, за кој одигра 48 натпревари и постигна 24 гола, Дел Пјеро истакна дека сѐ уште не размислува за пензија и сака да продолжи со фудбалската кариера.
– Можеби го одиграв последниот натпревар во Австралија, но сакам да продолжам да играм фудбал. Фудбалот е мојата страст уште од моментот кога имав 19 години. Мислам дека сум во добра кондиција и можам да одиграм барем уште една година – изјави Дел Пјеро, кој светската слава ја стекна во Јувентус.
Алесандро дел Пјеро има 39 години и страста за фудбалот е силна како и првиот ден кога почнал да игра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.