| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски во Белгија на одбележување на почетокот на Првата светска војна

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе присуствува на церемонијата за одбележување на 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна.

gruevski

Централната церемонија ќе се одржи на Меморијалниот споменик во градот Лиеж, Кралството Белгија.

На цермонијата во Лиеж денеска се обраќааат претседателите на Франција и на Германија, Франсоа Оланд и Јоаким Гаук, војводата Вилијам од Кембриџ, белгискиот крал Филип и премиерот на Белгија, Елио ду Рупо.

Во Лиеж се собрани над 50 шефови на држави и влади, а на свеченото одбележување покрај претседатели и премиери има и претставници на кралските семејства од цела Европа.

Присуствуваат и претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо, а и претседателите на Австрија и Србија, Хајнц Фишер и Томислав Николиќ, како двете први завојувани страни.

Говорниците им оддадоа почит на над 8 милиони војници и цивили кои загинаа во Првата светска војна. Францускиот претседател Франсоа Оланд, во своето обраќање по повод почетокот на Првата светска војна, се осврна и на денешните воени жаришта во светот, како Ирак, Сирија и Газа, порачувајќи им на европските лидери дека не смеат да бидат неутрални по овие прашања.

Меморијалниот центар Коинте е подигнат на местото на првата битка меѓу германските и сојузничките сили откако армијата на Кралството Германија, на 4 август 1914 година, ја мина белгиската граница, вовлекувајќи ги Франција и Обединетото Кралство во отворен конфликт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top