| четврток, 6 декември 2018 |

Емиратите ќе добијат „Остров на музеи“

emirati

На островот Садијат, кој е планиран да биде културен центар на Обединетите арапски емирати (ОАЕ) се привршува изградбата на петте музеи кои почнаа да се работат во 2010 година. За следната година се предвидува да биде готов Музејот „Лувр Абу Даби“, потоа во 2016 година Националниот музеј „Зајид“, а во 2017 година треба да биде завршен и Музејот „Гугенхајм Абуд Даби“, кој се работи во соработка со Гугенхејм фондацијата од Њујорк.

Музеите „Лувр Абу Даби“, „Гугенјамн Абу Даби“, Центарот за изведувачки уметности и Поморскиот музеј ќе бидат на брегот на морето. Островот е поврзан со копно од три моста, а оддалечен од Абу Даби 12 километр. Има 145 илјади жители.

emirati1

„Лувр Абу Даби“ е креиран во соработка со парискиот Лувр, и ќе претставува естетски израз на разни цивилизации и култури, од најстарите до најновите. Музејот „Зајид“ ќе биде посветен во спомен на неговото величество султанот Бин Заједа ел Нахајана, историјата на регионот и неговите културни врски со целиот свет. „Гугенјам Абу Даби“ ќе биде водечка платформа за светската современа уметност и култура и ќе ги претставува најновите и најважните уметнички достигнувања во светот.

Центарот на изведувачки уметности ќе биде пулсирачки центар и дом на сите форми на уметнички претстави, театри и концерти. Поморскиот музеј ќе го содржи богатото поморско наследство од Емиратите, а автор на овој музеј е Тодао Андо.

Сите музеј ги проектираа архитеки кои претходно ја добиле Прицкеровата награда за архитектура, која е во рангот на Нобеловата награда за други области.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top