| четврток, 6 декември 2018 |

Јубилеј на Серена Вилијамс, 200 недели на врвот на светската ранг-листа

Серена Вилијамс изненадувачки брзо и успешно се врати на тениските терени и ја освои 62. ВТА титула во кариерата со триумф во Стенфорд, САД, а патем денеска слави и убав јубилеј од 200 недели на врвот во женскиот тенис.ж

Во финалето Серена ја победи Анжелик Кербер со 2-0 и остана најстарата тенисерка во историјата што била број 1 на ВТА листата. Црномурестата Американка има 32 години, а пред неполни два месеци имаше неверојатни здравствени проблеми. Во игра во двојки на Вимблдон на Вилијамс и се слоши, се однесуваше чудно на теренот и го предаде мечот од третото коло.

Се шпекулираше дека е во блажена состојба, но ветеранката се врати со победи и во одлична кондиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top