| четврток, 6 декември 2018 |

Сѐ поголемата конкуренција во коцкарската индустрија ги поткопува позициите на Атлантик Сити

atlantik siti

Со децении, американскиот Атлантик Сити беше надминат по раскошот и блесокот само од великиот Лас Вегас. Но сега, коцкарската индустрија во тој, некогаш со енергија полн град, е на работ на опстојувањето.

Прочуениот хотел „Трамп плаза“ објави дека очекува да биде затворен во средината на септември, и така без работа ќе останат над една илјада вработени.

„Трамп плаза“ е третиот хотел во Атлантик Сити, по „Шоубоут“ и сосема новиот луксузен „Ревел“, кој бара нов сопственик. „Атлантик клаб“ веќе објави банкрот и затвори, затоа што никој не сакал да го купи.

Падот на казино индустријата, која е најголемиот работодавач во Атлантик Сити, е силен удар за градот кој некогаш беше познат по својата прекасна дрвена крајбрежна променада, и со натпреварот за Мис на Америка.

Иако казината не поднесоа големи штети по ураганот Сенди во октомври 2012 година, тие се изложени на се поголеми ризици од непостојаните љубители на коцката кои бараат нови хоризонти во последните десет години.

Центарот за истражување на играчкиот бизнис при Универзитетот во Невада, во извештаите веќе извесно време посочуваат дека приходите на казината во Атлатник сити опаднале за над 45 проценти од 2006 наваму.

– За разлика од Невада, која успеа да ја издржи рецесијата, Атлантик Сити како да не може да го пресврти трендот на пад, посочуваат експертите од центарот.

Казината во Атлантик Сити преживуваат сериозна конкуренција од новоизродените  коцкарски бизниси во соседната држава Њу Џерси, каде од неодамна беше легализирано коцкањето.

Државите Мериленд, Пенсилванија и Њујорк ги легализираа казината, привлекувајќи многу љубители на коцката кои претходно мораа да одат во Атлантик Сити. Индијанските племиња отворија казина во Нова Англија, со што понудија нови искушенија за комарџиите.

Пенсилванија заработи над осум милијарди долари приходи од коцка по отворањето на првите казина во државаат во 2006 година, поместувајќи го Њу Џерси од второто место по Невада во рангирањето на државите каде се развиле хазардерските игри.

Во очајниот обид да се спаси коцкарскиот бизнис во Њу Џерси, гувернерот Крис Кристи минатата година одобри закон со кој се легализира интернет коцкањето, со надеж дека тоа ќе ги зголеми приходите на обрементите казина во Атлантик сити.

Кристи всушност претерал со проценката на потенцијалот на онлајн коцкањето, кој донесе над 10 милиони долари приходи, според податоци на правната служба на Њу Џерси од јули.

Тоа е доста под 160-те милиони долари кои ги очекуваше администрацијата на Кристи за една година.

Иднината на Атлантик сити е мрачна, градот ќе треба да се потпре на спортот, забавата и на други туристички атракции за да заздрави, посочи градоначалникот Дон Гардијан во јуни.

– Тоа што се случува со коцкарскиот бизнис тука не важи само за Атлантик Сити, туку тоа се случував и во целата земја, потеницра Гардијан.

– Неопходни ни се атракции различни од казината, за да може Атлантик Сити да продолжи напред, додаде тој.

Лас Вегас, кој е пример за стандарди во овој сектор, успеа да се справи со економскиот пад откако се пресврте во поразновидни, ориентирани кон семејни туристички атракции, а не толку како дестинација која е исклучително наменета за љубителите на коцкањето.

Гардијан смета дека Атлантик Сити треба истото да го стори. Всушност, крајбрежниот град забележува скромен раст во приходите од дејностите надвор од коцката, а зафатеноста на хотелите останува висока.

Спортовите за посетители, како што се мешаните боречки вештини ММА, исто така, стануваат се попопуларни меѓу туристите.

Организацијата на натпревари на мешани борбени вештини Јултимејт фајтинг чемпионшип, ќе биде постојано присутна во градот, посочи портпаролот на градската управа Џеф Гуарасино за еден локален весник.

– Атлантик Сити одамна одржува спортски настани, дополни тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top