Во Лондон живеат најмногу, 80 милијардери на светот. Во Велика Британија живеат вкупно 117, што е 59 отсто од вкупниот број на богаташи во Кралството. На второ место е Њујорк во кој живеат 56, а потоа следи Париз во кој живеат 21 милијардер.
На листата уште се и Сан Франциско – 57, Хонг Конг – 49, Москва – 38, Лос Анџелес – 35 и Пекинг -33. Листата во Лондон ја предводат браќата Дејвид и Симон Рубен (со 13,1 милијарди фунти). Британската кралица Елизабета со богатството кое се проценува на 340 милиони фунти се наоѓа на 319. место меѓу илјада најбогати.
Податоците објавени за Велика Британија покажуваат дека вкупното богатство пораснало за 456 милијарди евра, додека 2009 ја преминало границата од 100 милијарди фунти.
Марк Шејнберг е новата фаца во светот на богаташите во Лондон кој богатството го направил со онлајн коцкање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.