| четврток, 6 декември 2018 |

Љубовна приказна за сите времиња – биле во брак 62 години и починале во ист ден

140803043.8_mn

Пред 62 години Дон и Максин Симсон си ветиле дека секогаш ќе се сакаат и тоа ветување го одржале до последен момент – додека смртта не ги раздвои, и навистина така се случило. Смртта ги раздвоиле само четири часа.

Дон и Максин се запознале во Калифорнија, се вљубиле и неколку години подоцна решиле да се венчаат. Нивниот брак траел 62 години.

140803043.10_mn

– Сѐ што сакаше Дон е да биде со својата прекрасна сопруга. Ја обожаваше мојата баба, ја сакаше до последен момент – изјави нивната внука Мелиса Слоан.

Пред две седмици Дон паднал и го скршил колкот, па морал во болница. Во исто време се влошила здравствената состојба на неговата сопруга, која подолго време боледувала од рак.

Нивните деца ги сместиле во иста соба во нивната куќа, кревет до кревет.

140803043.2_mn

– Се држеа за рацете до крајот – раскажува нивната внука.

Прва починала Максин. Откако нејзиното тело го изнесоа од собата, Мелиса раскажува што се случило.

– Се вратив во собата, да видам како е дедо ми, чија состојба одеднаш се влоши. Четири часа откако баба ми почина, замина и тој. Ова е прекрасна, но тажна љубовна приказна – изјави Мелиса.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top