Македонската фолк-пејачка, која веќе неколку месеци е во граѓански брак со нејзиниот избраник, в петок ќе се венча и во црква во родната Струмица. Сузана Гавазова и Босанецот Јасмин Курузовиќ, кои живеат во Шведска со нивната неколкумесечна ќеркичка, планираат голема традиционална свадба, на која ќе присуствуваат повеќе од 400 гости.
Меѓу големиот број роднини и пријатели, на свадбената церемонија ќе присуствуваат и голем број колеги од фолк-естрадата, а специјален гостин ќе биде и српскиот пејач Шабан Шаулиќ.
– Ќе свират „Болеро“, додека трае вечерата гостите ќе ги забавува Ранко Рангелов, а за забавната музика е задолжена Нина Јаневска. Викнав многу колеги, како Тања и Новица, Зуица и Наум, Татјана Стефановска со Митко, Андријана Ацевска, колегите од Трим тим, Цуле – вели Сузана за „Вест“.
Таа одбрала традиционална свадба со сите адети.
– Ке тргнеме од мојот стан од Струмица и додека да се качме во автомобилите за в хотел ќе свират Агушеви. По желба на Јасмин мора да има трубачи. Мој желба е свадбата да почне со орото Тешкото и ќе ми гостува КУД Мирче Ацевв. Тоа оро многу го сакам зашто е наша традиција. По желба на кумовите, пак, прва песна што ќе се испее ќе биде Дафино вино црвено – додава таа.
Гавазова ќе носи венчаница која за неа ја избрал сопругот.
– Ќе бидам како секси принцеза – вели таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


