| четврток, 6 декември 2018 |

„Кока-Кола“ конечно призна: Вистина е, нашите пијалаци дебелеат!

koka kola

Претставникот на „Кока-Кола“ за Северна Америка, Сенди Даглас, признал дека самиот си забранува да пие премногу „кока-кола“ поради здравјето.

Парадоксално е дека Даглас, кој работи во компанијата цели 26 години, признава дека самиот си забранува да пие од пијалакот поради здравствени прични, а истовремено ги повикува другите да го купат. Очигледно е дека „кока-кола“ решила да го измени својот имиџ на најповикан виновник за дебелеење на Американците затоа што пред една година првиот човек на компанијата за Европа, Џејмс Квинси, ги признал причините за дебелеење. Признал откако новинар го соочил со фактот дека во само една лименка има шест коцки шеќер.

– И ние мораме да го дадеме својот придонес за решавање на проблемот со тежината. Со децении земаме повеќе калории отколку што трошиме. Затоа на своите потрошувачи им даваме информација за калориите во амбалажата и ги ставаме тие информации во реклама – рекол тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top