| четврток, 6 декември 2018 |

Симнати патниците кои заглавија на жичницата на Водно

Директорот на ЈСП, Мишо Николов за Плусинфо потврди дека поради невремето извесен број патници биле заглавени на Жичницата на Водно, каде во кабини поминале околу 15 минути, по што биле симнати.

zicara vodno

– Точно е дека беа заглавени патници во Жичницата. Биле заглавени околу 15 минути. Се заглавиле зашто снемало струја откако почнало невремето – вели Николов.

Тој објаснува дека при вакви случаи, кога ќе снема струја, процедурата е да се вклучи помошниот мотор на нафта, кој ја придвижил Жичницата и патниците биле симнати.

Николов не знаеше да каже колав број граѓани биле затекнати во кабините, но рече дека биле доста патници.

Претходно Македонската телевизија јави дека стотина граѓани се заглавени во Жичницата која не можела да се движи поради невремето што го зафати Скопје, а најмногу се осети на Водно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top