Македонско финале во двете конкуренции е во тек на турнирот во одбојка на плажа во Охрид. Титулите и кај мажите и кај жените ќе останат дома, а во женска конкуренција победник со супериорна игра во двата сета се тандемот Георгиевска-Камиловска кои играа против против Карановиќ и Тасевска. Наградниот фонд е 600 евра, а новите шампионки во Охрид ќе поделат 450 евра.
Во машка конкуренција браќата Симовски кои се репрезентативци на Македонија играат во завршниот меч за пехарот против дуото Мојсовски и Стојанов. Наградниот фонд кај посилниот пол е илјада евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





