| четврток, 6 декември 2018 |

Борците од „Исламска држава“ зазедоа два града во северен Ирак

Сунитските бунтовници од „Исламска држава“ зазедоа уште два северни ирачки града и нафтено поле, во нивната прва голема победа над курдските борци, изјавија денеска очевидци. Откако вчера воспоставија контрола над градовите Зумар и Каск, денеска ги зазедоа Синџар и Вана.

Aktuelno82-sirija-740x320-top

Огранокот на Ал Kаеда, кој во јуни навлезе низ северот на Ирак не наидувајќи речиси на никаков отпор на ирачката војска, претставува најголем предизвик за стабилноста на земјата од падот на Садам Хусеин во 2003 година.

Откако илјадници ирачки војници побегнаа пред офанзивата на „Исламска држава“, шиитските милиции и курдските борци се појавија како клучен бедем на одбрана против милитантите, кои се заканија дека ќе влезат и во Багдад.

Курдските сили испратија зајакнување, вклучувајќи и специјални сили, во градот Зумар за време на викендот за да се борат против борците од „Исламска држава“, кои пристигнале од три правци во камиони, на кои имало поставено тешко вооружување, соопшти локалното население.

Милитантите подоцна ги поставиле и своите црни знамиња на зградите во Зумар, во ритуалот, кој во минатото беше вовед во масовни погубувања на заробените противници и насилно наметнување на идеологијата, што дури и Ал Каеда смета дека е претерано.

„Исламска држава“ подоцна го зазеде и градот Синџар, од каде локалното население побегнало, откако курдските борци пружиле слаб отпор на милитантите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top