| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за вчерашната семејна трагедија во Тетово

policija-2

Голема семејна трагедија вчера попладнето се случи во Тетово, откако познат доктор кој поради здраствени причини порано заминал во пензија, со јаже си го задавил 27-годишниот син со нарушено ментално здравје, па потоа си пресудил на самиот себе.

Според првичните и засега сеуште не официјални информации, таткото А.Е. прво го обесил својот син В.Е. а потоа и самиот, со бесење, си го одзел животот во текот на вчерашниот ден во 11 часот во нивната семејна куќа која се наоѓа на крстосницата на улиците “Видое Смилевски Бато“ и “Предраг Јаначески“. Телата ги пронашле сопругата и мајката, а потоа биле погребани на муслиманските гробишта во Тетово.

За причините за оваа семејна трагедија засега има само нагаѓања. Докторот бил вработен во Здравствениот дом во Тетово. Еден период имал приватна амбуланта каде работел како матичен лекар, но набрзо повторно се вратил во Јавното здравство во Одделот за детска превенција и вакцинација. Важел за совесен и добар лекар, но последните неколку години, имал нарушување на менталното здравје. Вест пишува дека синот на докторот уште од детството имал нарушено ментално здравје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top