Телата на осуммесечниот Андрија Маринковиќ и неговиот чичко Никола Маринковиќ, кои во понеделникот загинаа во тешката сообраќајна несреќа кај Удово, пренесени се од Скопје во Чуприја и денеска ќе бидат заедно погребани.
-После завршената обдукција и административните процедури, Андрија и Никола се донесени во Чуприја. Сандаците со нивните посмртни остатоци најпрво беа во капела, а потоа се пренесени во семејната куќа- вели за српски Курир, роднина на Маринковиќ.
Според неговите зборови, најмладиот член на семејството, Андрија ќе биде погребан покрај својот чичко, а тагата да биде поголема, на неговото последно испраќање нема да присуствува неговиот татко и братот на Никола, Драган, како ни неговата сопруга Марија, која има тешки повреди на кичмата.
-Драган остана во скопската болница, во која постојано ја надгледува својата жена Марија и постариот син Матија. Болката и тагата која тој ги чувствува се неописливи, посебно поради тоа што нема да присуствува на погебот на синот и братот. Незнам од каде му е силата – вели роднината.
Марија Маринковиќ на која во судирот и е скршен вратниот дел од кичмата и понатаму е во болница, а лекарите по седум дена успеаја да ја стабилизираат нејзината состојба.
– Нејзините повреди се тешки и беше во критишна состојба, но сега е малку подобро. Свесна е, но и понатаму не знае дека бебето и деверот и починаа. Единстевена светла точка во целата трагедија е што Матија е добри и успешно заздравува после операцијата на бутната коска и карлицата- вели соговорникот на Курир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун