| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се изолира епицентарот на ебола во Африка

ebola-dead

Учесниците на вонредната средба на врвот на три западноафрикански држави, кои се најзагрозени од смртоносниот вирус ебола, одлучија да го изолираат епицентарот на оваа болест.

– Реонот ќе биде опкружен од полиција и војска. На изолираните лица ќе им биде дадена материјална помош, изјави денеска Хаџа Саран Дараб, генерален секретар на сојузот на државите по течението на Мано.

Во сојузот се вклучени Сиера Леоне, јужниот дел на Гвинеја и северниот дел на Либерија.

Лидерите на трите земји, исто така, одлучија да одобрат 100 милиони долари, со цел да привлечат нови лекарски групи во реонот на епидемијата.

Според податоци на СЗО, 60 медицински лица, кои работеле во зоната на ширењето на инфекцијата, се заразиле од овој вирус и починале.

Од почетокот на епидемијата, од ебола починале 729 лица, а регистрирани над 1.300 случаи на заболување. Смртноста може да достигне и до 90 проценти, а досега изнесува 55 отсто. Сегашната епидемија во Западна Африка е најголема во историјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top