| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските и бугарските писатели со договор за соработка

ДПМДруштвото на писателите на Македонија и Сојузот на бугарските писатели денеска во Софија ќе потпишат договор за соработка.

Договорот ќе го потпишат претседателот на Друштвото на писателите на Македонија, Раде Силјан, и претседателот на Сојузот на бугарските писатели, Николај Петев. Документот предвидува соработка меѓу литературните манифестации, како и преведување дела од македонски на бугарски јазик и обратно.

– Со документот се планира учество на писатели од двете земји на литературни конференции и симпозиуми, како и размена на тематски броеви од доменот на периодиката – соопшти ДПМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top