| четврток, 6 декември 2018 |

Очила за сонце за секое лице

Летото е во полн ек, а тоа значи многу сонце и адекватна заштита. Ако планирате да купите нов пар очила за сонце, еве неколку совети за тоа кои очила најмногу одговараат на обликот на вашето лице

Летото е совршено го­­дишно време за но­сење модни додатоци. Дозволено е сѐ, и не двоумете се ако обожавате шаренило.

Тенката и проѕирна облека може да ја комбинирате со интересни модни додатоци, кои ги има насекаде – од специјализираните продавници, па сѐ до оние што се продаваат на секој чекор.
Неодамна почнаа и попустите по дуќаните, па така новото парче облека може да го украсите со ново парче накит, очила за сонце, шапка…

Летото е во полн ек, а тоа значи многу сонце и адекватна заштита. Ако планирате да купите нов пар очила за сонце, еве неколку совети за тоа кои очила најмногу одговараат на обликот на вашето лице.

 

Atraktivno99-2

Очила за широко лице

Ако брадата ви е тесна, имате широко чело и нагласени јаболчици, тогаш имате широко лице. Кај таквиот облик на лице е клучно визуелно да се прошири долниот дел на лицето, односно брадата. За да го направите тоа, побарајте очила на кои стаклата им се потемни на врвот, а посветли на дното.

 

Atraktivno99-3

Очила за овално лице

Ако имате овално лице, вие сте вистинска среќница. На тие што имаат овално лице, цртите на лицето им се мошне урамнотежени, така што им одговараат речиси сите видови очила. Единствено на што мора да внимавате е тоа што рамките на очилата не смеат да ви бидат пошироки од најширокиот дел на лицето. Вам совршено ви прилегаат очилата со мачкести рамки.

Atraktivno99-4

 

Atraktivno99-5

Очила за кружно лице

Кај лицето со кружен облик е најважно да додадете структура. Кај таквиот тип лице цртите не се нагласени, па затоа е потребно да најдете рамки кои ќе го дефинираат лицето. Вам не ви требаат очила со светли рамки. Побарајте со потемни рамки, тие визуелно ќе го продлабочат вашиот лик.

Atraktivno99-6

Atraktivno99-7

Очила за коцкесто лице

Силни вилици и широко чело се карактеристики на тие што имаат коцкест облик на лицето. Побарајте очила со заоблени рамки, кои ќе ги ублажат цртите на лицето и ќе му дадат рамнотежа. Најмногу ви одговараат класични модерни рамки кои никогаш не излегуваат од мода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top