Агенцијата на ОН утврдила дека има врска меѓу овие соединенија и проблеми со тестиси, рак на дојка, простата, тироидна жлезда, потоа негативни ефекти на развој на нервниот систем на децата и пореметување кое се манифестира како хиперактивност. СЗО вели дека ова досега е најобемна студија за ЕДЦ соединенија, бидејќи се проучени неколку хемиклаии. Истражувањето траело повеќе од две години. Во документот пишува дека постои разумно сомневање дека соединението по име „фталати“ кое го има во пестицидите бисфенол А и слични материи, штетно влијае на плодноста на жената и се зголемува бројот на децата кои заболуваат од леукемија. „Бисфенол А“ може да се најде на многу предмети кои ги користиме во секојднавната употреба како очилата за сонце.
СЗО наведува дека постојат многу силни докази со кои се тврди дека оваа материја влијае на тироидната жлезда и може да предизвика оштетување на мозокот, пад на интелигенцијата, хиперактивност, но и аутизам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.