Четириесет и пет лица се повредени, од кои петмина се во тешка здравствена состојба, во тешката железничка несреќа во германскиот град Манхајм, соопштија германските власти.
Патнички и товарен воз се судрија, по што пет вагони од патничкиот воз излетаа од шините, а два од нив и се превртија.
Инцидентот се случил синоќа во Манхајм, во федералната провинција Баден-Вуртемберг. Засега нема податоци за заганати при несреќата. Избегнати се посериозни последици, затоашто возовите се движеле релативно бавно.
Патничкиот воз патувал од австрискиот град Грац до Саарбрукен, а товарниот од Дујсбург до унгарскиот град Шопрон
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.