| четврток, 6 декември 2018 |

Два сандака, болка до небото

марија

Агонијата на семејството Маринковиќ од Чуприја, после стравичната несреќа кај Удово, кога на пат за Грција го изгубија најмалиот член, осуммесечниот Андрија, а после три дена и неговиот чичко ,Никола, продолжува во  исчекување на опоравување на тешко повредената мајка на бебето, Марија, чија здравствена состојба и понатаму е критична.

Според сознанијата на српски „Новости“, извршени се административните формалности за пренос на посмртните остатоци на Андрија и Никола Маринковиќ во Србија, и тие чекаат на транспорт.

Инаку наодите на обдукцијата на телото на судската медицина во Скопје се завршени, а според првичните сознанија на Новости утврдено е дека смртта на Андрија настапила како последица на внатрешно крварење во мозокот.

– Тоа е всушност последица од ударот на тап предмет во главата на детето – вели соговорникот на овој весник.

Никола пак подлегнал на тешките повреди на градниот кош и главата, не будејќи се од длабока кома после ударот.

Студентот на Правниот факултет во Крагуевац, Никола, почина во средата во 14.30, само 15 минути после посетата на полесно повредниот брат, Драган Маринковиќ.

Во истата болница Драган и понамату бдее во исечкување на подобри вести за евентуално подобрување на тешката здравствена состојба на неговата сопруга Марија која има скршеница на вратниот дел од кичмата.

Починал и Рајковиот кум

 

После одредување на куќниот притовр за возачот на фордот, Рајко Радојковиќ, како што дознаваат „Новости“, од Ниш во Скопје допатувале неговиот кум и мајка, но неочекувано кумот на Рајко починал, а за превземање на неговите посмртни остатоци од Ниш допатувале членовите на неговото семејство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top